Пејачката на познатиот југословенски и српски рок бенд „Дисциплина кичме“, Маринка Ѓорѓевиќ Мања, почина вчера во 51-годишна возраст од животот. Веста за нејзината смрт објавенa е на официјалната страница на „Дисциплина кичме“.
„Нè напушти нашата најубава Мања! Маринка Ѓорѓевиќ“, кратко е напишано на страницата.
Мања на групата „Дисциплина кичме“ ѝ се придружи после т. н. лондонска фаза на бендот, а нејзините вокали се забележани на нивните последни три албуми. Соработувала со многубројни бендови од српската сцена.
ФОТО: Принтскрин