Нeјт и Џеремаја доаѓаат „напомош“ од сабота на ТЛС

Дизајнерскиот дуо, Нејт Беркус и неговиот сопруг Џеремаја Брент, во новата сезона на серијата на каналот ТЛС, го менуваат животот на луѓето што се впуштаат во реновирање на домовите.

110

Дизајнерскиот дуо, Нејт Беркус и неговиот сопруг Џеремаја Брент, во новата сезона на серијата на каналот ТЛС, го менуваат животот на луѓето што се впуштаат во реновирање на домовите.

Понекогаш луѓето што се впуштаат во реновирање се наоѓаат во стапицата, бидејќи тие немаат пари пред крајот на работата или имаат конфликти околу распоредот на градбата па се оставени без покрив над главите. Со својот непогрешлив талент за дизајн и неодолив шарм, ова талентирано дуо открива како да се надминат неволите и да се претворат дупките без дно во ремек-дела.

Во оваа сезона, Нејт и Џеремаја ќе се сретнат со Џералд и Хиј, на кои очајно им треба помош откако ќе го купат својот дом од соништата и ќе откријат дека има мувла во него.

Тоа ќе им помогне на Лало и Џадсон, кои се изморени од неодлучноста и се само на половина пат да го преуредат својот дом.

Ќе видиме што е потребно за да се ослободиме од дизајнерските катастрофи, бидејќи Нејт и Џеремаја ќе ги откријат грешките на сопствениците на домовите додека ги спасуваат од кошмари.

Серијалот „Нeјт и Џеремаја пристигнуваат напомош“ стартува на 12 мај, на каналот ТЛС во 21 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...