Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ Скопје од денеска до вторник од 18 часот во Кинотеката на Макединија ќе прикаже три филма од најновата продукција во Норвешка.
Денеска ќе биде прикажан „Кон-Тики“ на Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг, утре – „Во случај на исчезнување“ на режисерот Ханс Питер Моланд и задутре – „Бранот“ на Роар Утхог.
Програмата „Фокус на Норвешка“ беше дел и од содржината на „Киненова“ кој се одржа во октомври. Се работи за прво претставување на норвешката кинематографија во Македонија