ФБИ соопшти дека откриле уште еден пакет адресиран на калифорнискиот милијардер и демократ Том Стејер, кој претходно повикувал на импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.
ФБИ на Твитер објави дека пакетот бил пронајден синоќа во една пошта во близина на Сан Франциско. Како што соопштуваат медиумите, пакетот е сличен на оние кои беа испратени до истакнати демократи и критичари на Трамп, за што беше обвинет 56-годишниот Цезар Сајок.
Тој се товари дека испратил најмалку 15 импровизирани експлозивни направи. Беше уапсен минатата недела.