Нов скандал за Макрон, се фотографирал со крадец кој покажува среден прст (ФОТО)

174

Францускиот претседател, Емануел Макрон, се соочува со нов скандал, откако кон него беа упатени доста критики поради фотографија, која е направена за време на неговата посета на францускиот остров Свети Мартин, а на која Макрон позира со две момчиња од кои едниот на себе нема маица и покажува среден прст.

Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека Макрон ја засрами Франција со овој потег.

„Не можам да најдам адекватен збор за оваа навреда. Франција ова не го заслужува, ова е нешто што не може да му се прости“, напиша Марин Ле Пен на Twitter.

Фотографијата е забележана во Quartier d’Orleansu, едниот од најсиромашните квартови во францускиот остров Свети Мартин.

Во врска со овој настан се огласи и самиот Макрон, кој рече дека непланирано го посетил тој дел од островот, каде се градат нови куќи после минатогодишниот ураган Ирма.

Таму налетал на двете момчиња со кои се фотографираше, а откако едниот од нив му рекол дека неодамна е пуштен од затвор, Макрон го посоветувал дека мора да го промени своето однесување.

Макрон, исто така раскажа дека ги замолил двете момчиња да му доведат девојка која е во инвалидска количка, како и тоа дека момците го направиле тоа без никаков приговор.

„Го направија тоа бидејќи им укажав доверба и ги почитував. Тоа е нашата Република“, порача тој.

Додаде дека одлучил да се слика со овие момчиња бидејќи го сака секое дете од Француската Република, без разлика на неговите грешки, односно дека тоа е причината поради која тој победил на изборите.

ФОТО: EPA-EFE/ELIOT BLONDET; Twitter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...