Нов ракетен напад врз Израел

110

Палестинските екстремисти од Појасот Газа во текот на ноќта повторно истрелаа ракети врз цели во јужниот дел на Израел.

Израелската армија одговори со воздушни напади над територија под контрола на Хамас, иако Палестинците синоќа соопштија дека со помош на Египет постигнале примирје.

Сирените за напад продолжија да се слушаат во израелските градови во близина на границата, а армијата распореди дополнителни трупи и тенкови долж границата и соопшти дека како одговор на ракетниот напад нападнати се цел на Хамас.

Нема информации за евентуални жртви.

Најновиот судир помеѓу Израел и Палестинците почна вчера утрото откако седуммина Израелци беа повредени при ракетен напад во близина на Тел Авив. Потоа Израел во знак на одмазда изврши низа воздушни напади врз Појасот Фаза.

Палестински претставници синоќа соопштија дека со посредство на Египет постигнато е примирје, но Израел не го коментираше наводното примирје, а во земјата се уште е во сила вонредна состојба, училиштата во јужниот дел на земјата се затворени.

Израелската армија соопшти дека е „подготвена за разни сценарија“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради ракетните напади од Појасот Газа вчера ја прекина посетата на САД.

– Израел нема ова да го толерира. Јас нема да го толерирам ова, истакна Нетанјаху.

Додека претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Израел има „апсолутно право“ да се брани.

Израел водеше три војни за Газа откако Хамас ја презеде контролата над таа територија во 2007 година.  Израелските воздушни напади во знак на одмазда за ракетните напади од Појасот Газа се честа појава, но израелската брза мобилизација на дополнителни трупи во пограничната област е невообичаена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...