Нов протест во Белград: Излези и бори се!

320

Нов протест „1 од 5 милиони” се одржа вечерва во Белград, а на почетокот беше прочитано писмо од студенти на ФПН, барајќи оставка од министерот за образование, Младен Шерчевиќ, бидејќи професорите, кои го поддржаа протестот, ги нарече несериозни.

– Свесни сме дека многу млади со факултетски дипломи ја напуштаат земјата. Ни го одзедовте достоинството, осквернивте сè што професорите нè учат, а вашиот министер (Младен) Шрчевиќ сите тие професори ги нарече со несериозни имиња и затоа бараме негова оставка“, се наведува во писмото кое го прочита еден од организаторите Миодраг Симовиќ.

Студентите од ФПН ги повикаа другите студенти од Универзитетот во Белград и другите универзитети во Србија да им се придружат и да се побунат против власта на Александар Вучиќ.

Собраните на протестот носеа транспаренти со натписи „Ние сме со народот, а не со сегашните и идните крадци”, „Доста ветувања и лаги, пензионери се гладни“, а на разглас се слушаше песната „Излези и бори се“.

Протестите почнаа кон крајот на ноември во Крушевац поради напад на еден од лидерите на Унијата за Србија, Борко Стефановиќ и двајца активисти, и продолжија секоја сабота во Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...