Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

159
ФОТО: HBO

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин.

Се работи за научнофантастична „суперхеројска“ сага со работен наслов „Wild Cards”, кoja веројатно ќе има најмалку две сезони. Но, преговорите со продукциските куќи се уште се во тек.

Приказната е сместена во алтернативно минато по Втората светска војна, каде што вирусот наречен „дива карта“ го пустоши Њујорк. Притоа, преживеаните мутираат и добиват посебни моќи и способности, а потоа следи нова класна поделба кај луѓето.

ФОТО: HBO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...