Нов постхумен албум на Тоше на 13 октомври

218

Албумот што е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт ќе биде промовиран на 13 октомври, на денот на концертот посветен на Проески, а на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Од фондацијата „Тоше Проески“ го соопштија датумот на промоција на неговиот необјавен албум „Secret place“.

Албумот што е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт ќе биде промовиран на 13 октомври, на денот на концертот посветен на Проески, а на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Големиот концерт во чест на Тоше, каде што ќе бидат промовирани песните од новиот албум, ќе се одржи во ВИП-арената „Борис Трајковски“ во Скопје и предвидено е балкански и македонски музички ѕвезди да ги пеат неговите хитови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...