Нов портал mediadaily.biz наменет за медиуми од Југоисточна Европа

Седиштето на порталот е во Загреб, со дописничка мрежа од 20 соработници од Хрватска, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Косово и Словенија.

94

По повод Светскиот ден на слободата на печатот- 3 Мај, со работа ќе почне нов интернет портал – „Медиа дејли“ (mediadaily.biz) со седиште во Загреб, наменет пред се за медиумите во Југоисточна Европа.

Главен и одговорен уредник на порталот е Невен Шантиќ, долгогодишен коментатор и колумнист на „Нови лист“, а иницијатор на проектот е Зоран Ковачиќ, пионер на приватните телевизиски канали во Хрватска.

Стартување на порталот беше иницирано по добиените резултати од анкетирање на повеќе од 500 вработени во медиумите од Југоисточна Европа, кои сметаат дека таков портал е потребен поради општиот недостаток на информации за настани, како и работењето на медиумите околу нив, а особено малата можност за споредливост и стекнување на информации за работата и проблемите во други медиуми и региони.

Седиштето на порталот е во Загреб, со дописничка мрежа од 20 соработници од Хрватска, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Косово и Словенија, јави Фена.

Сите текстови ќе бидат објавени и на англиски, за да можат порталот mediadaily.biz да го следат сите заинтересирани за работата на регионалните медиуми во Европа и светот.

Медиј дејли ќе објавува секаков вид на информации, најнови и релевантни теми од медиумите, почнувајќи од вести за медиумски трансфери, актуелности во одреден медиум, програмски новости, преку теми, анализи и споредба на некои медиуми во една или повеќе области, до занимавање со законската регулатива за медиуми и регулаторни агенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...