Нов мост од челик ќе се гради во Џенова

Компанијата ќе плати околу 500 милиони евра за обновата на вијадуктот, а во меѓувреме, ќе плати и за новите патишта за да не дојде до големо нарушување во сообраќајот.

141

Бордот на приватната компанија под чија контрола е срушениот вијадукт во Џенова, соопшти дека може да изгради нов челичен мост, како замена за старата структура од армиран бетон, во рок од осум месеци.

Бордот на денешната вонредна седница, недела дена после трагедијата во Џенова во која 43 лица го загубија животот, одлучи новиот вијадукт да биде изграден од челик “во склад со најмодерните стандарди“ пренесува АП.

Компанијата ќе плати околу 500 милиони евра за обновата на вијадуктот, а во меѓувреме, ќе плати и за новите патишта за да не дојде до големо нарушување во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...