Нов модерен плоштад ќе никне на местото на куќата на Мајка Тереза

Овде продаваше секој што ќе стигне, на секој дожд вирчиња, беше тотална негрижа, разликата ќе ја видиме, вели Шилегов.

4086

Градот Скопје викендов почна со активности во еден од најзапуштените простори во срцето на градот. На местото на куќата на Мајка Тереза ќе се гради нов модерен плоштад.

– Тука ќе ја покажеме разликата, какво е тоа Скопје за кое верувам сите скопјани сонуваат. Нов модерен плоштад со дрвореди, со нови повеќе од 20 дрвја, со централно зеленило, ќе се врати дел од зеленилото загубено во Малиот ринг. На цела површина од околу 5 илјади квадратни метри, чекор по чекор ќе се менува изгледот на јавните површини. Сериозно инвестираме во нив, поставуваме нови светски стандарди. Ќе има и клупи и корпи за отпадоци, осветлување, заедно со зелениот кров на ГТЦ ќе биде целина за уживање. Ќе чини 104 евра квадратен метар, или вкупно 33 милиони денари со ДДВ. За компарација, плочките од плоштад во кои лете не може да се гледа заради одблесокот, а се лизгаат на дожд и снег, а плус целиот плоштад смрди на канализација, чинат 195 евра по квадрат – рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес – конференција.

Според него, тоа е разликата во грижата за градските пари помеѓу сегашната градска власт и поранешната.

– Овде продаваше секој што ќе стигне, на секој дожд вирчиња, беше тотална негрижа, разликата ќе ја видиме. Нѐ чини двојно помалку. Се очекува до 13 ноември, празникот на градот, осумдесетина проценти да биде готов за употреба – додаде Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...