Јато од 145 белогрбни делфини се насукаа на брегот на островот Стјуарт на Нов Зеланд и сите угинаа, јави Би-Би-Си.
Насуканите тела на животните ги забележал случаен минувач, кој шетал по плажата Мејсон Беј.
Властите информираа дека половина од делфините умреле во текот на ноќта меѓу сабота и недела, додека останатите ги успале, бидејќи било невозможно да бидат спасени.
– Веројатноста за успешно враќање на делфините во море беше исклучително мала – изјави Рон Лепенс од локалниот Оддел за конзервација.
Неговата функција е зачувување на историското и природно наследство на Нов Зеланд.
– Се насукале на најоддалечената локација. Веќе угинуваа, а нам ни недостасуваат вработени. Најдобро што можевме да сториме за нив беше евтаназија. Но тое е секогаш, ама секогаш, многу тешка одлука – истакна Лепенс.
Во извештајот на Одделот за конзервација се наведува дека на НОВ Зеланд често се насукуваат делфини и китови, во просек 85 пати годишно. Сепак, најчесто станува збор за еден припадник на видот, а не за цело јато.
Китовите и делфините се насукуваат поради болест, потешкотии при навигација, морски струи или поради тоа што ги прогонуваат грабливци.
ФОТО: Архива