Новруз Мамaдов назначен за премиер на Азербејџан

66

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го назначи Новруз Мамaдов за премиер на земјата. Указот на Алиев е објавен на неговата официјална интернет страница.

Претходно денеска Парламентот на Азербејџан му даде поддршка на Мамадов за нов премиер. За одлуката гласаа сите 113 пратеници, кои беа присутни во салата.

Новруз Исмаил Оглу Мамадов му беше советник за надворешна политика на претседателот Алиев од минатата година, а претходно бил заменик шеф на претседателскиот кабинет.

Алиев на 11 април го освои четвртиот претседателски мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...