Ново 100 отсто интегрално брашно од Жито Лукс, со збогатена нутритивна вредност

378

Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета на брашна го додаде 100 отсто интегралното брашно. Високата нутритивна вредност на брашното доаѓа како резултат на процесот на мелење на цели зрна пченица, со што во него остануваат обвивката и никулецот давајќи му ја со тоа специфичната структура и потемната боја.

„На нашите консументи отсега им го нудиме новото 100 отсто интегрално брашно со кое тие добиваат нов сојузник за правилна и избалансирана исхрана. Ова брашно е богато со растителни влакна, витамини од Б групата, витамин Е, минерали како натриум, калиум, калциум, железо и содржи поголемо количество протеини и диететски (хранливи) влакна. Затоа го препорачуваме како составен дел од здрава и балансирана исхрана“, вели Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.  

Уште една од добрите страни на 100 отсто интегралното брашно е што е лесно за обработка (месење) и од него може да се подготват вкусни и здрави лебови, тестенини, бисквити и печива.

Жито Лукс постојаното пласира нови производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...