Силно невреме ја зафати Далмација. Погодени се Чиово и Трогир каде се поплавиле улиците.
Во цела Хрватска на сила се предупредувања за невреме. Додека за копнениот дел на земјата на сила е жолт аларм, на Јадран на сила е портокалов аларм. Таму има најави за силен ветер, пороен дожд и грмотевици. 17.000 удари на гром имало во Хрватска во еден ден.