Ново жариште на африканска свинска чума во Бугарија

285

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) откри ново жариште на африканска свинска чума на индустриска фарма во селото Попина, општина Ситово во областа Силистра.

Позитивните примероци денеска се лабораториски потврдени од страна на Националната референтна лабораторија при Националниот научно-истражувачки институт за ветерина.

На фармата се одгледуваат 17.000 животни.

Ова е четврт потврден случај на болеста на индустриска фарма и прв во областа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...