Дарлин Блунт, свршеницата на полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Јуниор, е уапсена во Орегон. 37-годишната Дарлин го поминала викендов зад решетките, а е пуштена од притворот со кауција.
Според сведоците, идната снаа на војвотката од Сасекс е уапсена по пријавата за семејно насилство во заедничкиот дом со Томас Маркл.
Скандалот избил откако било објавено дека Меган сама ќе оди во Америка за да ги посети семејството и пријателите, а се шпекулира дека целта на ова патување е да ги среди семејните несогласувања, да го посети татка си и да се обиде на сите во нејзиното опкружување да им објасни какво однесување сега бара. Терминот на нејзиното патување не е познат, но се шпекулира дека поранешната актерка би можела да отпатува до крајот на неделата.
Засега единствено е сигурно дека таа на одморот ќе се види со мајка си, со која не се видела од венчавката во мај.
Како една од причините за нејзината посета се наведува и дека Меган сака да ја посети татковината пред да забремни, па прекуокеанските летови ќе и станат пренапорни.
Ова не е првпат да се случува инцидент помеѓу љубовниците. На дочекот на оваа година полицијата интервенирала откако Дарлин физички го нападнала Томас, па тогаш две ноќи поминала во притвор. Исто така, во јануари 2016 година, Томас Јуниор бил уапсен кога во пијана состојба наводно држел пиштол вперен во главата на Дарлин.