„Новости“: САД притискаат за обвинение против Додик

460

Службеници во американската Амбасада во Сараево вршат притисок врз обвинителството на БиХ да поднесе обвинение против новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со цел да биде спречено неговото преземање на функцијата, објавија “Вечерње новости”.

Според информациите добиени од овој весник, Кортни Клајн, шеф на Канцеларијата за владеење на правото при американската амбасада во БиХ, е задолжен за директно влијание врз обвинителството на БиХ.

Весникот вели дека тој со денови седи во сараевските обвинителски канцеларии и инсистира на тоа што е можно побрзо да се подготви обвинение против Додик, што ќе и овозможи да биде притворен.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...