Новоизбраниот мексикански претседател се движи без полициска заштита

- Народот ќе ме заштити - изјави левичарскиот популист на прашањето зошто се движи без полициска заштита.

120

Новоизбраниот претседател на Мексико Мануел Лопез Обрадор не побара полициско обезбедување и на средбата со досегашниот претседател Енрике Пена Нието замина во обичен автомобил, со спуштени прозорци, опкружен само од сниматели кои го следеа на мотоцикли.

За време на возењето, Обрадор дури направи и кусо интервју со еден од новинарите што го следеа.

– Народот ќе ме заштити – изјави левичарскиот популист на прашањето зошто се движи без полициска заштита.

Обрадор ја презема должноста на 1 декември, откако убедливо победи на изборите што се одржаа в неделата. Претходно тој двапати губеше на претседателските избори.

Над стотина политичари и политички активисти беа убиени во изминатата изборна година во Мексико.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...