Новогодишната елка светна на скопскиот плоштад ФОТО

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година.

807

Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“ светна вечерва, а почна со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“. Со тоа, во Скопје официјално почнува празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во разновидна забавна програма.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година.

Во близина на куќичките е сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без оглед на возраста. На овој простор има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма, што ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, што ќе почнува точно напладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...