Нови 915 милиони денари субвенции за земјоделците

До крајот на годината, најавуваат од Владата, ќе бидат исплатени производителите на јаболка за произведено и предадено јаболко кај откупувачи, како и производителите на свињи кои ќе аплицираат за под-мерката за депопулација на свињите.

110

Нови 915 милиони денари ќе им се исплатат на земјоделците со ребалансот на Буџетот, предвидува Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, усвоена на вчерашната седница на Владата.

Обезбедени се пари за единствените барања по површина за производителите на полјоделски, градинарски, лозарски, овоштарски култури, како и исплата по грла на сточарите и тоа за говеда, овци, кози, свињи, живина и пчелни семејства, соопшти владината прес-служба.

Во измената предвидени се и финансиски средства за исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко предадено во периодот јануари заклучно со април 2018 година.

До крајот на годината, најавуваат од Владата, ќе бидат исплатени производителите на јаболка за произведено и предадено јаболко кај откупувачи, како и производителите на свињи кои ќе аплицираат за под-мерката за депопулација на свињите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...