Наd 1.500 мигранти од т.н. „мигрантски карван“, што од Централна Америка преку Мексико се движи кон САД, денеска пристигнаа во мексиканскиот град Тихуана на американско-мексиканската граница.
Мигрантите во Тихуана допатуваа со 22 автобуси, и им се придружија на околу 800-те други лица од „мигрантскиот карван“, кои во градот пристигнаа претходните два дена.
Тихуана се наоѓа на мексикансата граница кон американската сојузна држава Калифорнија.
Низ Мексико во правец кон САД во неколку групи се движат уште неколку илјади мигранти по потекло од државите од Средна Америка.