Нови шест медали за вината на „Тиквеш“ освоени во Кина

128

На годинешниот China Wine & Spirits 2018, вината на „Тиквеш“ освоија шест медали, двојно повеќе од изминатите две натпреварувања.

Врвното црвено вино „Вранец Special Selection 2016“ годинава освои двоен златен медал, што е највисоко признание на овој натпревар, а црвените вина „Т’га за југ 2016“, „Барово 2015“ и „Alexandria Cuvée 2016“ се наградени со златни медали. „Chardonnay Domaine Lepovo 2016“ е наградено со сребрен медал, а белото вино „Alexandria Cuvée 2017“ доби бронзен медал.

Овие вина се единствените вина од Македонија и поширокиот регион кои се наградени на овој престижен вински натпревар.

– До неодамна Кина не се вбројуваше во традиционалните светски вински пазари, но сведоци сме дека ситуацијата се менува рапидно. Прогнозите се дека во 2020-та година увозот на вина на кинескиот пазар ќе достигне вредност од 22 милијарди долари, со што Кина ќе ги надмине водечките вински пазари, како Франција и Велика Британија. „Тиквеш“ веќе неколку години сериозно ги следи и анализра ваквите пазарни трендови и презема конкретни чекори за зголемување на пласманот на нашите вина на овој огромен пазар. Веруваме дека, освоените високи награди за нашите вина оваа година, кои се надоврзуваат на освоените медали претходните две години, значајно ќе ги зголемат шансите за соодветно позиционирање на „Тиквеш“ како производител на квалитетни вина кои потекнуват од Европа, што е особено важно за потрошувачите на кинескиот пазар – вели генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

За значењето на овие медали за вината на „Тиквеш“, говори и податокот дека тие се освоени во конкуренција од над 5000 светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на 100 најголеми увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои годишно увезуваат над 90 милиони шишиња вино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...