Бесни објави на Фејсбук, агресивни мејлови, протести во училиштето, насилно однесување: злоупотребувањето на училишниот персонал од страна на родителите станува сѐ повообичаено и може да има разорни последици.
Според резултатите на истражувањето спроведено во Австралија, секој трет директор на училиште доживеал закани од страна на родителите, а од 560 анкетирани наставници, две третини неодамна биле малтретирани од страна на родителите.
Родителите насилници се почести во основните училишта, а најчести жртви им се младите наставнички. Викањето е најчест облик на малтретирање, внесување во лице пријавиле 8.8% од нив, додека во 1 отсто случаи дошло до физички напад.
Помеѓу причините за напад на наставниците се наведуваат некои крајно банални – тоа што наставникот не закачил недовршена ученичка работа на пано во училницата, или тоа што детето не добило улога во училишната претстава. Најчестите обвинувања се оние кои го доведуваат во прашање начинот на кои се децата дисциплинирани и начинот на оценување, како и безбедносните мерки во училиште.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash