Нови седум смртни случаи од сезонски грип во Грција

77

Од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 16 февруари 2020, 60 лица починале од грип во Грција, а за една седмица биле регистрирани седум нови смртни случаи, според грчката Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Во седмичниот извештај за периодот 10–16 февруари 2020 се забележува тренд на намалување, како на смртните случаи, така и на посетите во болница на лица со симптоми на сезонски грип, со оглед на тоа дека претходно, за две седмици бројот на починати достигна до 30 лица, по 15 секоја седмица.

Од починатите 60 лица, на возраст од 4 до 91 година, 57, односно 95 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Според истите податоци од Националната организација за јавно здравје, за една седмица, 17 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега почетокот на октомври 2019, се искачи на 195 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...