Нови седум заболени од коронавирус во Грција

103

На четири седмици се одложуваат сите конференциски настани во Грција и се затвораат центрите за заштита на стари лица, во следните две седмици спортските натпревари ќе се одржуваат без публика и на исто толку време се откажуваат сите екскурзии за учениците, се новите мерки на грчката влада, кои утре стапуваат во сила, а ги соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција задолжен за новиот коронавирус, професорот Сотирис Циодрас.

Тој потврди дека има седум нови случаи на коронавирусот, со што бројката на лица заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 73.

Од новите седум случаи, шест се поврзани со претходно потврдени случаи, а за еден од заразените во тек е проверка на контактите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...