Светски познатиот бренд за очила за сонце Реј-бан, во соработка со Скудерија Ферари, ги претстави петте нови модели со рамки инспирирани од 1970-те години, со кои во вашиот, по можност – спортски автомобил, ќе се чувствувате како да возите по друмовите на Малибу, Мајами, Лас Вегас или пак, во Монца.
Годинешната колекција е инспирирана од стилот на Ферари ѕвездите на Формула 1 од 1970-те. Петте понудени стилови имаат ретро изглед, но сепак, делуваат модерно благодарејќи пред се на мат-црните рамки.
https://www.ray-ban.com/usa/sunglasses/ferrari/clp