Нови научни потврди за липосукциската диета: Вечерата треба да биде главен оброк!

657

Сè повеќе потврди од еминентни лекари и научни истражувања пристигнуваат во полза на примената на липосукциската исхрана за успешен и брз процес на слабеење.

Прочуениот руски кардиохирург Лео Бокерија неодамна ја потврди теоријата на липосукциската исхрана дека вечерата треба да биде централен оброк! Истото го потврдија и најновите истражувања направени на Универзитетот Корнел. Научникот Дејвид Левитски откри дека луѓето кои го прескокнувале појадокот, за неколку недели значително ја намалиле телесната тежина.

Теоријата на липосукциската исхрана е да се слуша пораката која ни ја испраќа организмот. Повеќето луѓе навечер чувствуваат потреба за храна, иако во текот на денот обилно јаделе. Најдобро се спие после јадење, па главниот оброк треба да биде вечерата.

По оброкот, во телото се зголемува нивото на глукоза која го блокира излачувањето на протеинот орексин, одговорен за регулирање на будноста, а го зголемува нивото на инсулин кој нè заспива. Од една страна, мозокот создава хормон за спиење, а од друга страна недостига орексинот кој би го регулирал чувството за будност. Зарем нашето тело нешто не ни кажува? Бројни луѓе не можат да заспијат ако се гладни. Од друга страна пак, ако сте активни веднаш по јадењето, ќе ги спречите ензимите за варење да ги искористат витамините и минералите од храната којашто сте ја изеле.

Илјадници години нашите претци преку ден ловеле и собирале храна, а дури навечер се собирале и јаделе. Зголеменото лачење на инсулин по јадењето создава чувство на замор бидејќи при процесот на варење на храната се зголемува нивото на аминокиселината триптофан која го поттикнува лачењето на хормонот на среќа – серотонинот, но и мелатонинот – хормон задолжен за спиењето. По вечерата добро спиеме, желудникот непречено си ја извршува својата работа, и наутро се будиме одморни и полни со енергија. Тогаш може да почнеме со работа и со нашите активности, додека во текот на денот нивото на енергија паѓа и навечер сме подготвени за ново „полнење“. Тоа е исхрана по мерка на нашите гени. Затоа кај липосукциската исхрана главен оброк е токму вечерата!

Авторот на липосукциската диета, нутриционистот Кенан Мандра, смета дека дебелината е последица на хормоналната нерамнотежа, а не на преголем внес на храна.

– Со хормонален дисбаланс се доаѓа до наталожување на масти и употреба на шеќерите како примарен извор на енергија. Целта на липосукциската диета е резервите на масти во организмот да се потрошат во рок од 10 до 14 дена, и на тој начин брзо и ефикасно да ја намалиме телесната тежина и да го вратиме хормоналниот баланс во организмот – тврди Мандра.

Центри и советувалишта за липосукциска исхрана има во Москва, Загреб, Љубљана, Белград, Букурешт…, а на наше задоволство и во Скопје. Со протоколот за слабеење – липосукциска диета, илјадници луѓе ја регулирале телесната тежина.

Во центарот на Скопје, на улица Димитрие Чуповски број 22 (спроти поранешен„Мекдоналдс“), се наоѓа Центарот за липосукциска исхрана на „Интернешнл хелт“. За бесплатни совети посетете го Липо Диет Центарот или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033, под раководство на д-р Валентина Крстеска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...