Нови лебови од „Жито лукс“ – пребиотски, протеински, фит и 100% ’ржан леб

653

„Жито лукс“ ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета лебови додаде четири нови специјални видови леб: 100% интегрален тост со пребиотик, протеински, 100% ’ржан и ФИТ тост леб, кои претставуваат одговор на барањата на пазарот и се идеални за сите оние кои се грижат за својата исхрана.

100% интегрален тост со пребиотик е направен од 100% интегрално пченично и ’ржано брашно. Ефектот на диететските влакна од интегралните брашна е дополнет со додаден пребиотик од акација. Токму пребиотикот, кој е вид растително влакно, овозможува одржување на нормална цревна микрофлора, што е битно за здравјето на дигестивниот тракт, за заштита од воспалителните процеси на истиот, како и за подобрување на општата добросостојба и здравје.

Протеинскиот леб се разликува од другите видови леб по големото количество протеини и малото количество шеќери. Протеинот во лебот доаѓа од грав, семиња и соино брашно, што го прави производот погоден и за вегетаријанци и вегани. Покрај големото количество протеини, лебот содржи црн и бел сусам, ленено семе, семки од тиква и ацерола во прав кои го надополнуваат вкусот и неговиот нутритивен состав. Лебот збогатен со протеини е идеален за физички активни лица и за сите оние кои водат грижа за правилна и здрава исхрана.

Новиот 100% ’ржан леб на „Жито лукс“ има висока хранлива вредност, затоа што ’ржаното брашно е богато со повеќе витамини и минерали кои се значајни за здравјето на луѓето и нормално функционирање на метаболизмот. Овој леб е создаден од 100% интегрално брашно поради што изобилува со растителни влакна. На овој начин лебот влијае на поспора дигестија на храната, умерена апсорпција на глукоза и финално, на подолго чувство на ситост во текот на денот. Следствено, 100% ’ржаниот тост леб на „Жито лукс“ е соодветна поддршка на секој ваш оброк.

ФИТ тост лебот е направен по специфична рецептура, без додаток на масни компоненти и шеќери. Збогатен е со пченични трици, влакна од грашок и протеин од грав, со што се добива балансиран производ кој совршено одговара на принципите за здрава и урамнотежена исхрана, без загуба на пријатните мекост и свежина при секој залак. Поради својот состав тој е идеален за сите кои спортуваат, но и за оние кои се грижат за својата линија

– Правилна исхрана со која се внесуваат сите потребни хранливи материи во организмот е клучна за здравјето на луѓето. Со правилниот начин на исхрана не само што се добива здраво и избалансирано тело, туку и ризикот од различни болести е многу помал. Мислењето дека лебот не е здрав веќе подолго време е минато бидејќи нутритивната вредност на житните култури е незамелива за телото и организмот – вели д-р Валентина Павлова.

Новите специјални лебови на парчиња со продолжена свежина, како и сите останати производи на „Жито лукс“ кои се присутни на пазарот, се со врвен квалитет, неприкосновен за компанијата, кој директно произлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и од модерниот технолошко-производен процес.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...