Турчинот Алсин Левент (35), кој на 17 февруари предизвика сообраќајна несреќа во која загина фолк пејачот Шабан Шаулиќ и понатаму се наоѓа во истражниот затвор.
Според последните информации, Алсин Левент во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол и дрога, пренесува српски „Блиц“.
– Во текот на истрагата, недвосмислено е потврдено дека на 17 февруари 2019 година бил под дејство на алкохол и дрога (канабис) – рекол државниот обвинител од Билефелд Кристоф Макел, пренесува „Новости“.
Возачот на „мазда“ Алсин Левент беше обвинет за убиство од небрежност и под итна постапка беше спроведенн во истражниот затвор.