Нови аудиции во Културниот центар „Интерарт“

183

Програмата „Инкубатор“ за развој на младинската културна сцена, која ја организира Културниот центар „Интерарт“, објавува нов отворен повик за аудиции на млади уметници. Тие ќе бидат дел од новата продукција на Скопје танцовиот театар на „Танц фест 2019“ во три категории – современ танц, музика и визуелни уметности.

Аудициите ќе се одржат на 9 март на сцената „Зебра“: од 11 часот за музичка продукција, од 12 часот за современ танц и од 14 часот за визуелни уметности. Пријавата за апликации, критериумите и дополнителните информации за учесниците се достапни на www.inkubator.com.mk/apliciraj.

„Учесниците треба да имаат напредни познавања во категоријата за која аплицираат. Селектираните Инкубатор-уметници ќе бидат вклучени во продукцијата на Скопје танцовиот театар за отворање на годинашниот 15. Интернационален фестивал „Танц фест“ на 4 април 2019 на сцената на Македонскиот народен театар“, соопшти  Културниот центар „Интерарт“.

Програмата „Инкубатор“ за култура првпат се одржа во 2018 година со поддршка на Aмбасадата на Швајцарија и промовираше 42 млади уметници во три категории – современ танц, музика и визуелна уметност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...