Нови американски санкции за Куба

77

САД воведоа нови санкции кон Куба поради кршење на човековите права и поради поддршката на Хавана за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Американското Министерство за трговија наведе дека ги поништува постоечките дозволи за изнајмување на авиони за кубанските државни авиопревозници и оти нема да издава нов. Со санкциите ќе бидат опфатени и повеќе странски артикли кои содржат американски делови.

– Овој акт на Министерството за трговија испраќа нова јасна порака до кубанскиот режим – мора веднап да престане со своето уривачко однесување дома и во странство – истакна министерот за трговија Вилбур Рос.

Претседателот на Куба, Мигел Дијас Канел ја осуди американската одлука и на Твитер ја нарече „нехумана, сурова, нефер и геноцидна“.

Односите помеѓу САД и Куба се влошија по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Неговата администрација го ограничи патувањето на Кува и воведе нови економски санкции кон Хавана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...