Генерал Тод Волтерс од редовите на американското воено водухопловство положи заклетва како нов врховен командант на НАТО во Европа.
Волтерс, кој како пилот служел во Ирак и Авганистан, го замени досегашниот командант на НАТО во Европа, генерал Кертис Скапароти.
Церемонијата на стапување на должност беше организирана во седиштето на НАТО во Монс, на југот на Белгија.