Новиот асфалт на Бихаќка е дефектен – цело езеро среде улица (ГАЛЕРИЈА)

Пред семафорите е формирано езерце со вода и на секое поминување на возилата, особено во средната коловозна лента, се креваат високи бранови со вода кои ги прскаат другите возила, но досегаат и до тротоарите.

1875

Првиот ситен дожд ги покажа слабостите на новиот асфалт на крстосницата на Јордан Мијалков со улицата Бихаќка, која беше асфалтирана минатиот викенд после повеќе од 40 дена откако беше раскопана.

Пред семафорите е формирано езерце со вода и на секое поминување на возилата, особено во средната коловозна лента, се креваат високи бранови со вода кои ги прскаат другите возила, но досегаат и до тротоарите.

Граѓаните додека чекаа на семафор утрово само кусо коментираа: „Катастрофа!“

Само се поставува прашањето ако на градските власти им требаа повеќе од 40 дена за да ја асфалтираат улицата, колку време ќе им треба за да го поправат дефектот и да го израмнат нивото на улицата или и овој проблем ќе остане за некои следни избори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...