Новоформираниот Ансамблот на албански песни и ора во Република Северна Македонија имаше прв настап во тетовскиот Центар за култура. На премиерниот настап пред публиката се обрати тетовската градоначалничка Теута Арифи.
– Ансамблот денеска во Тетово донесе безброј емоции со концертната премиера на ова културно богатство од национални вредности. Беше вечер за која ќе се зборува и ќе се зборува долго време. Овие момчиња и девојчиња од денеска ќе имаат света одговорност и должност со тоа што ќе го претстават на сцената нашето богато културно и уметничко наследство и уметност. Уживајте во ансамблот и имајте го засекогаш – истакна градоначалничката Теута Арифи.
Следен настап Ансамблот ќе има во понеделник во Куманово, а следуваат Гостивар, Дебар, Струга, Кичево и Скопје на 28 ноември.