Новиот состав на австрискиот Парламент е конституиран откако 183 пратеници положија заклетва.
Свечената заклетва се одржа со присуство на членови на Владата, а одделни членови на Зелените положија заклетва на повеќе јазици.
Откако се формираше Парламентот, австриската либертаријанска партија (ФПО) „се справи“ со еден несакан пратеник.
Партијата донесе одлука да ја исклучи од своите редови Филипа Штрахе, сопруга на поранешниот лидер Хајнц Кристијан Штрахе, кој мораше да си даде оставка од сите политички функции во врска со корупцискта афера „Ибица“.
ФПО, во кратко соопштение, ја извести јавноста дека Филипа Штрахе веќе не е нивен член.
– ФПО соопштува дека г-ѓа Штрахе е исклучена од членството поради изјавата во која наведува дека ќе прифати пратенички мандат, што има јасна цел да и наштети на партијата, се наведува во соопштението.
Бидејќи претходно беше најавено дека Филипа Штрахе, доколку се одлучи да влезе во Парламентот, нема да биде член на пратеничката група на ФПО, таа положи заклетва како независен пратеник.
Во Парламентот Штрахе е сместена во последниот ред зад пратениците на Социјалдемократската партија (СПО), а не зад ФПО, преку чија листа влезе со Собранието.