Нова цена на дизелот, бензините ќе се продаваат по иста цена

Литар „Еуросупер-95“ и оваа недела ќе чини 68 денари, а „еуросупер-98“ ќе се продава по цена од 70 денари.

1194

Дизелот од полноќ поевтинува за денар и половина и ќе чини 61 денар за литар, а бензините ќе се продаваат по иста цена од предходната недела, одлучи Регулатоната комисија за енергетика.

Литар „Еуросупер-95“ и оваа недела ќе чини 68 денари, а „еуросупер-98“ ќе се продава по цена од 70 денари.

Од полноќ се менува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Таа  се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,539 ден/кг и ќе изнсеува 37,885 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...