Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, Џони Галеки ќе се појави во уште една хумористичната серија, хит во најава – „Конерови“.
Во серијата ќе се појави и рок ѕвездата Џулиет Луис, во улога на девојка на ликот на Галеки. Се работи за продолжение на серијата на „Розен“, каде главната улога ја толкуваше Розен Бар, која пак, беше отпуштена од проектот поради расистичка шега на Твитер.
Џони Галеки инаку заврши со снимањето на „Бубалици“ чијашто последна сезона веќе почна со прикажување неделава.
Новата серија ќе ја има својата премиера на 16 октомври.