Нова улога на менструалните чашки – за побрзо забременување

Ако сте решиле да станете родители, сега имате нова стратегија која ќе ви помогне ова да се реализира што поскоро. Веќе ја испробале жените ширум светот.

445

Алтернативата за тампоните и она што стана тренд помеѓу оние жени кои се еколошки настроени, а тоа се менструалните чашки, сега добиле и нова улога. Мајките низ светот јакористат и тврдат дека може да им помогне побрзо да забременат.

Оваа алатка досега беше позната како еко-френдли алтернатива за тампоните, но сѐ повеќе жени ја употребуваат за да ја насочат спермата од нивниот партнер токму кон вистинското одредиште и со тоа да го поддржат побрзото забременување.

Се разбира, идејата е на оние иновативни луѓе кои или немале доволно средства за ин-витро или пак сакале да се обидат претходно на секој можен начин да го направат ова сами, без медицинска поддршка.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...