Нова тура рамковно вработени ќе добијат прекоманда неделава

684

Заменик-претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска присуствувал на 79. владина седница и до крајот на неделава се очекува да се знае кога точно ќе одржи прес-конференција за распределбата на вработените по Рамковниот договор.

Ова денеска на прес-конференција го најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарко прашање.

–  Утрово се видовме со потпретседателот на Владата. Тој беше присутен на 79. владина седница. Се очекува во наредниот период, најверојанто до крајот на оваа недела, да го имаме датумот кога ќе се одржи прес-конференција за прераспределба на втората група вработени лица според Рамковниот договор – изјави Бошњаковски.

Вицепремиерот Лика извесен период не присуствуваше на владините седници, поради, како што пишуваше во некои медиуми, недоразбирања со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...