Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) и Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) официјално го одобрија ослободувањето на новата транша финансиска помош за Грција.
Траншата се состои од околу една милијарда евра во рамки на мерките за излез од програмите за спас.
Одлуката беше одложена пред неколку месеци, па потврдена на последниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во Букурешт на 5 април.
Ослободувањето на оваа транша беше условена со низа реформи кои грчката Влада мораше да ги спроведе.
– По завршувањето на планот за спас, Грција се заложи да продолжи да ги применува сите клучни реформи усвоени во рамки на планот, одлуката на ЕЕФС да ги укине маргините на каматните стапки покажува дека грчката Влада си ги почитува реформските заложби – изјави Клаус Регелинг, генерален директор на ЕМС И ЕФФС.