Пет случаи на колера се потврдени во мозамбискиот град Бејри, кој пред повеќе од десет дена беше погоден од разорниот циклон Идаи, соопштија денеска властите во Мозамбик.
Националниот директор за медицинска помош Усен Исе изјави дека во сиромашното преградие на Бејри, Мунхава, во кое живеат околу 500.000 жители, потврдено е дека има петмина заболени.
Колерата моментно е главен проблем за стотици илјади преживеани кои сега живеат без чиста вода и санитарии.
Болеста, од која може да се почине за само неколку часа, се шири преку загадена храна и вода.
Светската здравствена организација предупреди дека може да дојде и до други катастрофи во опустошениот регион.