Нова збирка раскази „Делфинот“ од Александар Прокопиев

86

Во издание на „Бегемот“ излезе новата збирка раскази од познатиот македонски писател Александар Прокопиев, под наслов „Делфинот“.

Најновиот ракопис на Прокопиев, книгата раскази „Делфинот“, претставува, пред сѐ, читателско уживање за оној што ќе влезе во неа. Леснотијата – која му прилега на еден од македонските мајстори на прозата со која се исткаени расказите просто го вшмукува читателот, го возбудува до степен што тој, така маѓепсан од неговата мајсторија, станува дел од нив.

И токму таа игра – тоа одење по конецот што ги дели имагинарното и стварносното – ја прави оваа книга заводлива. Читателот е постојано во недоумица и во некоја состојба на постојано „Хм…“, која го тера да излезе надвор од текстот и да отиде отаде сцената, во бекстејџот, за да види кој си игра со конците. Читањето на оваа книга е како водење љубов, постојано во некаква лебдечка меѓусостојба, ниваму-нитаму, ни сон ни јаве.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...