Вулканот Попокатeпетл во Мексико исфрли камења, што летаа 1,6 километри, соопшти мексиканската Национална служба за цивилна одбрана.
По ерупцијата, над вулканот се издигна пепел во висина од три километри.
Вулканот Попокатeпетл е висок 5.426 метри и е активен последните месеци, неколку пати исфрли камења и пепел.
Околу 25 милиони луѓе живеат во круг од околу сто километри од вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.