Нова група руски војници во Каракас

200

Во главниот град на Венецуела слетале два руски авиони, воено-транспортниот Ан-124 и патничкиот Ил-62, со 99 руски војници предводени од Василиј Тонкошкуров, раководител на Главниот штаб на копнените сили на Русија, и со товар од 35 тона, објави венецуелското издание „Нотисиера дигитал“.

– Во претседателската ложа на аеродромот тие се пречекани од раководителот на одделот за меѓународни врски на венецуелскат армија, вицеадмирал Мариани Мата, од претставници на руската амбасада и венецуелските вооружени сили – напиша на Твитер новинарот Хавиер Мајорка.

Не е познато дали се тоа регуларни војници или наемници. Претходно повеќе медиуми објавија дека кон крајот на јануари во Венецуела пристигнале воени лица од руската приватна воена компанија „Вагнер“ за заштита на претседателот Николас Мадуро. Првата група на наемници пристигнала уште пред претседателските избори лани во мај, додека втората „неодамна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...