Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје

Новата бензинска станица ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав се достапни и дополнителни содржини - супер маркет, автоматска авто-перална, како и ресторан на KFC.

393

Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. Лесно достапна за возачите, опремена со четири пумпи со најсовремена технологија, бензинската ќе понуди горива со врвен квалитет и интересни содржини за сите посетители. Со ова, малопродажната мрежа со брендот ОКТА се зголеми на вкупно 27 бензински станици, распространети низ целата држава. Бензинската пумпа е на компанијата Пуцко петрол со брендот на ОКТА.

– Денеска семејството на ОКТА стана побогато со својот 27-ми член. Со извонредниот дизајн и иновативната технологија, оваа бензинска станица веднаш ќе прерасне во препознатлив симбол на градот Скопје. Сега, нашите потрошувачи можат да најдат сè на едно место – горива со врвен квалитет, одлична услуга, авто перална, мини маркет и светски познат ланец на храна. Со гордост можам да кажам дека тука нашите горива се проверени до последна капка – изјави Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.

Новата бензинска станица ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав се достапни и дополнителни содржини – супер маркет, автоматска авто-перална, како и ресторан на KFC.

Директорот на ОКТА потсети дека потрошувачите ќе бидат сигурни за квалитетот и количината на горивата кои ги купуваат, со оглед на тоа што, како и на останатите бензински станици со брендот ОКТА, и на оваа ќе се врши директна и редовна контрола на горивата преку Програма Гаранција, која е прва сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата во државата.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на отворањето рече дека владата континуирано ги поддржува домашните компании со цел да ги зголемат нивните инвестиции.

– Оваа инвестиција уште еднаш покажува дека креираме бизнис клима во интерес на бизнисот. На инвеститорите им посакувам успешна работа, да продолжат со зголемување на инвестициите во Северна Македонија што ќе значи отварање на нови работни места, подобри услуги за граѓаните, но и да продолжат да работат и да станат регионални играчи за снабдување со деривати и природен гас – рече Бектеши.

На отворањето на новата бензинска станица присуствуваа министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и бројни партнери и соработници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...