Новата шпанска Влада ќе го затвора мавзолејот на диктаротот Франциско Франко

103

Новата шпанска левичарска Влада на премиерот Педро Санчез планира да го отстрани посмртните останки на фашистичкиот диктатор Франциско Франко од неговиот мавзолеј што се наоѓа во близината на Мадрид.

Претставникот на Владата, Оскар Пуенте изјави дека цел на ваквата мерка е желбата на властите таа локација да биде „место на сеќавање на Граѓанската војна, а не на глорификација на диктатурата“.

– Одлуката за ексхумација на посмртните останки на Гранко е сосема јасна, нагласи Пуенте, додавајќи дека Владата сака таа локација да биде „место за одвање почит и за сеќавање на сите Шпанци“.

Мавзолејот се наоѓа во комплексопт наречен „Долина на загинатите“, кој уште опфаќа и базилика и крст висок 150 метри. Комплексот го граделе политички затвореници, а го отворил самиот Франко во 1959 година.

Иницијативата за отстранување на посмртните останки од мавзолејот постои веќе неколку години, но претходната Влада на конзервативната Народна партија ја отфрлаше таквата идеја, со образложение дека тоа само ќе ги разбуди болните сеќавања 40 години по смртта на Франко и осум децении по завршувањето на Шпанската граѓанска војна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...