Новата улога на Бен Афлек го одсликува неговиот живот

334
EPA/WILL OLIVER

Бен Афлек овие денови се наоѓа во Сан Педро, каде се снима новиот филм „Torrance“, во кој Афлек ја има улогата на поранешен кошаркар – алкохоличар, кој се бори со порокот по распаѓањето на неговиот брак.

Во приватниот живот, актерот се сретна со иста ситуација.

Афлек ја пуштил брадата за да одговара на ликот кој го глуми, а вишокот килограми кои ги има, се вклопувале во сликата.

Како што кажал извор близок до актерот, Афлек со овој проект одлучил конечно да го остави порокот зад себе.

Афлек долго време се бореше со својот порок. На почетокот на летото неговата поранешна сопруга и колешка, Џенифер Гарнер го одведе на одвикнување.

По рехабилитацијата, за да го прослави својот напредок, тој отиде на патување заедно со неговата 24 години помлада девојка Шона Секстон. Неодамна тој раскина со плејбој зајачицата бидејќи му биле потребни одмор и мир.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...