Нобеловата награда не може да биде одземена

Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-те години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жестоки негодувања и критики.

496

Нобеловата награда не може да се одземе бидејќи статутите на Нобеловата фондација не ја споменуваат таквата можност, соопшти Комитетот за литература на Кралската шведска академија на науките.

Откако голем број лица и организации ја осудија одлуката на Комитетот за доделување на Нобелова награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке, од Нобеловата фондација порачаа дека Нобеловата награда не може да биде отповикана.

„Нобеловата награда не може да се одземе. Статутите на Нобеловата фондација не ја спомнуваат таквата можност. Ниту еден одбор за доделување на наградите во Стокхолм или Осло никогаш не размислувал за одземање на наградата откако ќе биде доделена“, изјави за Анадолија Микаел Остлунд, портпарол на Нобеловата фондацијата.

Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Питер Хандке, вчера беше покрената петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година.

Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-те години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жестоки негодувања и критики. На платформата Change.org покрената е петиција на овој нобеловец да му се одземе престижната награда, а како причина се посочува дека тој сесрдно го поддржувал Милошевиќ, кој „беше одговорен за неправедна смрт на стотици илјади недолжни луѓе и десетици илјади силувани жени и мажи“.
Одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература да му се додели на Хандке ја критикуваше и американскиот ПЕН Центар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...